понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

(Фото) За куп пехарот ќе се борат Јанта Волеј и Вардар

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
март 27, 2021
📁 Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Екипите на Вардар жени 2019 и на Јанта Волеј Кисела вода ќе играат во финалето на 28.македонски одбојкарски куп во женска конкуренција. Вардарки го добија третиот меѓусебен и најважен дуел сезонава против Работнички Скопје со 3:0 (30:28, 25:21 и 26:24), на тој начин го детронизираа освојувачот на престижниот пехар од 2019 и се изборија за можноста да го заработат првиот трофеј во клупската историја.

Во рамноправната битка, составот на Вардар го предводеше Агуеро со 15 поени, Ковачевиќ заработи 13, Георгиевска 9, а Лазарова 8 поени, 4 од нив со блок. Техничарката Курјерова запиша 4, блокерката Павловска 5, а Пејовска еден поен.

Единствена лоша вест за црвено-црните од денешното полуфинале е повредата на Сандра Георгиевска во последната акција во натпревварот, што ќе ја оддалечи од можноста да игра во утрешната пресметка за куп-титулата. Тоа ќе биде хендикеп за Вардар жени 2019 знаејќи ќе нема да настапи ниту Теона Славкова, а на клупата ќе го нема и тренерот Горан Славков.

Во составот на Работнички Скопје, најефикасна беше Стојанова со 15 поени, Србинката Терзиќ придонесе со 12, но тоа не беше дволно за ново финале. Во него повторно, петтипат во клупската историја ќе игра Јанта волеј Кисела вода.

Скопскиот тим се радуваше во соочувањето со Струмица жени со 3:1 со пресврт (23:25, 25:16, 25:22 и 25:14), па ќе има шанса на двата шампионски пахара да го додаде и оној во македонскиот куп. Украинката Собол беше незапирлива со 23 поени, Серафимова освои 18, Маројевиќ 14, а Тасевска заврши со 8.

Кај струмичката екипа која втора сезона е дел од најсилното одбојкарско ниво кај нас, Дикова имаше 20 поени, Мартина Владевска 11, но тоа не беше доволно за прво финале.

Третата епизода од завршниот тунир во салата „Парк“ во Струмица утре ќе почне во 15 часот со женското финале, а машкото меѓу Џио Струмица и Универзитет во Тетово е закажано за од 18 часот. Преносите ќе бидат на МРТ-3 каналот.

Фото и извор: Одбојкарска федерација на Македонија Одбојкарска федерација на Македонија

ShareTweet
Претходна вест

ЖФК Скопје го скрши малерот против ЖФК Речица

Следна вест

Голден Арт и Тиквеш триумфално против Радовиш и Младост

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Голден Арт и Тиквеш триумфално против Радовиш и Младост

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.