Во рамките на 19 коло од Прва ЖФЛ во Битола, екипата на ЖФК Атлетико ја нагости ЖФК Тиверија од Струмица, каде што во фер и коректен натпревар струмичанки дојдоа до рутинска и сосема заслужена победа од 1:9.
Почесниот гол за ЖФК Атлетико го постигна Јована Павловска, додека во победничкиот табор головите ги постигнаа Димоска 4 гола, двоен стрелец беше С. Велкова, а по еден гол во противничката мрежа имаше од Николовска, Ристовска и Панеска.
За ЖФК Тиверија настапија: Панчурова, Бошеска, Недева, Николова, Бошевска, Ристовска (к), Велкова С, Панеска, Велкова Р, Николовска, Димоска.
Во игра влегоа и: Јосифова, Михајлова, Цунева, Василева И, Василева В.



