Екипата на Диатек Трентино е вториот финалист на одбојкарската Лига на шампиони, откако во полуфиналето го доби италијанското дерби против Сир Сејфти Перуџа.
За претставниците на Тренто, ова ќе биде петто финале во ова натпреварување во клупската историја.
Имено, во првиот меч, Трентино славеше со 3-0, а денес, одбојкарите од Умбрија изборија пирова победа од 3-2.
Перуџа го започна мечот на незапирлив начин, добивајќи ги првите два сета со 25-22 и со 25-17.
Во тие моменти, играта на домаќините беше доминантна во секој сегмент.
Сепак, гостите предводени од тренерот Анџело Лоренцети, во целост го превртеа текот на настаните и ги добија наредните два сетови со 25-23 и со 25-17.
Во петтата партија, Перуџа ревијално славеше со 15-6, но сепак доживеа елиминација.
Најефикасен играч на мечот беше Вилфредо Леон со постигнат 21 поен и 53% на успешност во нападот.
Од неговите соиграчи, двоцифрени беа уште Тајс Тер Хорст (15), Олех Плотницки (14) и Себастијан Соле (11).
Од противничкиот табор, најдобри беа Нимир Абдел-Азиз (17) и Рикардо Лукарели (11).
Во големото финале, Трентино ќе се соочи со полскиот шампион Закса Кендзиержин-Кожле, кој после ,,златен” сет помина преку Зенит Казањ.
📸 Marco Trabalza



