Легендарниот фудбалер на поранешна Југославија, Драган Стојковиќ – Пикси, дебитираше на клупата на Србија во рамките на прво коло од квалификациите за Светско првенство, каде што во Београд на стадионот ,,Рајко Митиќ” остварија премиерна победа, воедно деби триумф на Стојковиќ против Република Ирска со резултат од 3:2.
Иако гостите имаа почетно водство од 0:1 со голот на Браун во 18 минута, пред крајот на полувремето во 40 минута на асистенција на Тадиќ, напаѓачот Влаховиќ израмна на 1:1.
Во второто полувреме, селекторот направи измени кои што резервистот Александар Митровиќ му врати со два гола, од кои што голот во 69 минута беше маестрален, бидејќи голгетерот го лобуваше гостинскиот голман. Во завршницата ирците преку резервистот Колинс во 86 минута ги поставија конечните 3:2.
Во прилог маестралниот гол со лоб во 69 минута на Александар Митровиќ: