Да се намалат родовите разлики во спортот, да се надминат стереотипите и да се постигне еднаквост на спортистките и спортистите е цел на којашто посветено работиме.
-Жртвата што ја прават спортистките за да се изградат и да успеат е голема, борбата да го постигнат тоа за нив е далеку потешка;
-АМС родовата еднаквост ќе ја имплементира и промовира преку директни законски решенија;
-Националните федерации и спортските субјекти ќе бидат обврзани да се придржуваат кон мерките за постигнување на еднаквоста меѓу мажите и жените во спортот;
-За да ја добијат наменската помош што АМС ја доделува, националните федерации, клубовите ќе бидат обврзани да ги почитуваат мерките за родова еднаквост во спортот;
-Меморандуми и декларации ДА – но мораме да бидеме похрабри – да ја ставиме родовата еднаквост во Законот за спорт;
-Од 2020 година воведуваме 30% жени во органите на управување;
-Уверен сум дека ќе стигнеме до 50 % учество на жената во органите на управување до 2024 година и
-Местото на жената во спортот е високо и сите ние сме должни да создадеме услови тоа така и да биде.



