Реал Мадрид наводно се откажува од евентуалните трансфери на Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, младите ѕвезди на Дортмунд и ПСЖ, со цел да се обиде да го присвои потписот на голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн.
Англискиот репрезентативец е големата желба на Зинедин Зидан според пишувањата на англиските и шпанските медиуми, кој пак е достапен да си замине од Лондон доколку стигне понуда повисока од 120 милиони евра.
Кејн има 28 години и наводно сака да го напушти Тотенхем со цел да почне да освојува големи трофеи, кои му недостасуваат во кариерата иако на индивидуално ниво постигна многу.