Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски организираше прием за ракометната судиска двојка Начевски- Николов, кои со долгогодишното меѓународно учество на сите светски, континентални и олимписки ракометни спектакли даваат свој придонес во ракометниот спорт.

Пет јуниорски и шест светски сениорски првенства, три фајнал-фор завршници, куп на купови, ЕХФ купови и настап на две олимпијади, како и најава сериозни кандидати за трето учество на ОИ во Токио ги става Начевски и Николов во врвот на ракометниот судиски двојки кои ќе ја бранат честа на македонскиот ракомет на најважниот спортски настан.


Фото и извор: Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport @AMSMacedonia