Купот на шест нации е шампионат во рагби на кој учествуваат шест европски селекции, односно Велс, Англија, Шкотска, Ирска, Франција и Италија.
Во првите четири кола од тековната сезона, Велс победи четири пати и беше на патот до 28. титула.
Сепак, Велшаните не успеаја да ја поминат последната препрека што им го одзеде 13. грен-слем во историјата во последната секунда од мечот.
Станува збор за Франција, која на ,,Стад д Франс”, славеше со 32-30.
Во првото полувреме и двете екипи постигнаа по два полни есеи и по еден пенал.
За Франција, со полагање поентираа Ромен Тофифенуа (6′) и Антоан Дипон (13′), а задолжени за шутевите беа Матје Жалибер и Ромен Нтамак.
Кај Велс, еден есеј запиша Џош Навиди (17′), а сите останати поени беа дело на Ден Бигар (11′).
Во вториот дел, британскиот состав направи серија од 13-3 и во последните десет минути одигра со играч повеќе, откако Французинот Пол Вилемс доби црвен картон.
Сепак, Французите доживеаја преродба во финишот и постигнаа два есеи, од кои еден во последната секунда.
Овој пат, поентери, освен Нтамак, беа Шарл Оливон (75′) и Брис Дулан (80′).
Од друга страна, за Британците, полагање додаде уште Џош Адамс (53′).
Со новиот триумф, Франција доби шанса да се бори за насловот во ова натпреварување, но на последниот меч против Шкотска ќе мора да освои и бонус-поен за да го тргне денешниот ривал од врвот на табелата.
📸 Aurelien Meunier/Getty Images



