Шарлот Хорнетс (20-18) успеаја да дојдат до шестото место во Источната конференција, откако синоќа славеа над Сакраменто Кингс со 122-116.
За Сакраменто (15-24), ова беше тринаесетти пораз на последните шеснаесет средби со кој паднаа до тринаесеттото место на Западот.
Имено, во првите три и пол четвртини, Кингс константно ја имаа резултатската позитива, но во завршните минути, Хорнетс успеаја да дојдат до триумфот.
Најефикасен играч на мечот беше Де’Арон Фокс (Сакраменто) со 29 поени, а од неговите соиграчи, Ришон Холмс постигна дабл-дабл од 17 поени и од 15 скокови.
Кај Шарлот, најмногу се истакнаа Тери Розиер и Гордон Хејвард со 26, односно со 25 кошеви.
📸 Jacob Kupferman/Getty Images



