Најголемото дерби во Јужна Америка меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт заврши без победник, 1:1. Домаќините први дадоа гол и тоа од пенал во 41 минута со голот на Вила Кано, но Ривер израмни во 67 минута преку Палавекино. Во второто полувреме, двете екипи останаа со по еден играч помалку, откако судијата додели два црвени картони.
Вистинска драма се случи во последната минута од мечот, кога гостите имаа голема шанса за втор погодок што ќе им донесеше и победа на „Ла Бонбониера“. Топката доби чудно ефе и наместо да заврши во голот, едноставно „избега“ од гол-линијата. Тоа беше доволно голманот Естебан Андрада да се врати на голот и да го одбрани ударот на противничкиот играч и Бока се спаси од пораз.
Во Аргентина веднаш по дербито се јавија реакции дека Духот на Армандо Диего Марадона не дозволил топката да влезе во мрежа и неговата Бока да загуби. Во прилог и видео од целата ситуација:



