На вториот меч од интернационалната Т20 серија помеѓу Индија и Англија, азиските претставници успеаја да триумфираат и да го израмнат вкупниот резултат на 1-1.
Имено, Индија денес ја надигра Англија со 166/3 (17.5) – 164/6 (20) и го возврати ударот добиен пред два дена.
Во првиот ининг, од англиските удирачи, Џејсон Рој беше најефикасен со 46 поени.
Од Индијците, по два викети освоија Вашингтон Сундар (2-29) и Шардул Такур (2-29).
Во вториот дел од мечот, од англиските фрлачи, по еден викет освоија Сем Куран (1-22), Крис Џордан (1-38) и Адил Рашид (1-38).
Што се однесува до индиските поентери, двоцифрени беа Ришаб Пант (26), Ишан Кишан (56) и Вират Коли (73).
Третиот меч од оваа серија е закажан за вторник, со почеток од 14.30 часот.
📸 Surjeet Yadav/Getty Images



