Петтиот овосезонски турнир од Европскиот Тур во голф е популарниот Катар Мастерс, ситуиран во истоимената арапска држава.
Станува збор за еден од шесте турнири, кој се одржува на Синајскиот Полуостров и чиешто овогодишно издание беше вкупно 24. во историјата.
На него, до победата стигна Антоан Рознер со учинок од (-8), од кој дури (-4) поени беа освоени во последната рунда.
За Французинот, ова беше втора титула на Европскиот Тур, односно четврта во професионалната кариера.
Второто место, со по (-7) поени, го поделија тројца голфери, Гаганџит Булар, Дерен Фикардт и Гвидо Миљоци, а на петтата позиција се пласираа Џејми Доналдсон и Ричард МекИвој со по (-5).
📸 Ross Kinnaird/Getty Images



