Последната трка пред финалниот викенд од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција беше одржана денес.
Имено, во близина на Крањска Гора, Словенија, најдобрите скијачи се тркаа во дисциплината слалом.
Најголем трагичар беше Алексис Пантуро, кој после одличното четврто место во првата серија, остана без пласман поради грешка во втората.
Со тоа, Французинот испушти екстремно важни бодови во борбата со Марко Одермат за кристалниот глобус на четири трки до крајот.
Накрај, Франција славеше двојна пирова победа во името на Клеман Ноел (1:47,51) и на Виктор Муфа-Жанде (+0,62).
За Ноел, ова беше осма победа во кариерата, додека Муфа-Жанде се искачи на подиумот во слалом за првпат.
На третото место се најде Рамон Ценхојзерн (+0,71), кој остана втор во поредокот во слалом.
Пред него, во битката за малиот кристален глобус, се пласираше Марко Шварц, кој стана осмиот австриски шампион во слалом во историјата.
На денешната трка, пласман во првите пет изборија уште Лоик Мејар (+0,90) и Хенрик Кристоферсен (+1,02).
📸 Alexis Boichard/Agence Zoom/Getty Images



