Одбојкарите ма УГД Штип втор натпревар по ред со 5 одиграни сета и двата со среќен крај, овој пат ја совладаа екипата на ОК Јанта Волеј“ од Скопје со резултат од 2:3 по сетови (25:17, 25:27, 18:25, 26:24 и 9:15).
Натпреварот се одигра во спортската сала на ОУ “Невена Г. Дуња” во Скопје, без присуство на публика, согласно здраствените протоколи. Сепак и со еден освоен бод, УГД Штип се врати на позицијата број шест на табелата.



