Единствениот денешен натпревар во австралиската А-Лига беше воедно и дерби на колото помеѓу Мелбурн Сити и Мекартур ФК.
Во нивниот прв меѓусебен дуел во историјата, претставниците на Мелбурн накрај дојдоа до победата од 3-0 со головите во првото полувреме.
Во интервал од само две минути, Џејми Мекларен (23′, 25′) двапати ја затресе мрежата на искусниот Адам Федеричи.
Со тоа, Австралиецот остана на првото место на листата на стрелците со вкупно десет голови, сите постигнати на последните осум средби.
Само десет минути подоцна, конечниот резултат го постави Крег Нун со својот втор овосезонски погодок.
На табелата, ,,Сините” го зазедоа второто, потиснувајќи ги денешните ривали на третото место.
📸 Graham Denholm/Getty Images



