Синоќа, Едмонтон Оилерс потполно ги декласираа Отава Сенаторс, поразувајќи ги со убедливи 7-1.
Имено, победничкиот состав, на почетокот на третата третина, стекна предност од убедливи 7-0, а потоа го прими и единствениот гол во мрежата на Мајк Смит.
Стрелци за домашниот состав беа пет различни играчи, од кои, Леон Драисаитл забележа хет-трик.
Освен Германецот, пакот позади грбот на Мет Мареј го сместија уште Дарнел Нурс, Џуџар Кера, Конор МекДејвид и Џејмс Нил.
Што се однесува до хокеарите од главниот град на Канада, единствен голгетер беше Јевгени Дадонов.
На табелата на Северната дивизија, Едмонтон ја зазема втората, а Отава – последната позиција.
📸 Andy Devlin/NHLI via Getty Images



