Екипата на Ванкувер Кенакс успеа да дојде до третиот триумф во низа преку синоќешната ,,кражба” на домашен терен.
Имено, претставниците на Британска Колумбија славеа после пенали со вкупни 2-1 над Монтреал Канадиенс.
Монтреал поведе во втората третина, откако Џеф Петри го совлада Тачер Демко за 0-1.
Ванкувер ја презеде иницијативата во преостанатиот дел од мечот и успеа да израмни преку Адам Годет во последната секунда.
После дополнителните пет минути, резултатот остана непроменет, а од целата пенал-серија, единствен стрелец беше Бо Хорват.
На табелата, Монтреал и покрај поразот, останува на третата, додека Кенакс ја заземаат четвртата позиција на Северот.
📸 Jeff Vinnick/NHLI via Getty Images



