Светското првенство во нордиски дисциплини, одржано во Оберстдорф, беше затворено денес со машката трка на 50 километри во класичен крос-кантри стил.
На неа, после 2:10:52,2 часа, во самата завршница ,,триумфираше” 24-годишниот Норвежанец – Јоханес Клебо.
Имено, во пресрет на завршниот спринт, на водечката позиција беше Александер Болшунов, кој накрај се пласираше на третото место.
Во меѓувреме, пред Русинот на целната линија заврши уште еден Норвежанец – Емил Иверсен.
Главна причина за ,,падот” на Болшунов беше кршењето на едниот стап при дуел со Клебо на целната рамнина.
Целиот инцидентот беше прегледан од страна на жирито и беше донесена одлука за дисквалификување на Клебо.
На тој начин, Иверсен (2:10:52,9) дојде до четвртото светско злато во кариерата, а Болшунов (+0,7), како утеха се закити со сребро.
Потполно неочекувано бронза освои Симен Хегштад Кругер (+8,2), а во продолжение следуваа: Ханс Кристер Холунд (+8,6), Јенс Бурман (+25,6), Ииво Нисканен (+31,4), Ендру Масгрејв (+43,5), Паал Голберг (+58,7), Дарио Колоња (+59,1) и Скот Патерсон (+1:24,7).
📸 Matthias Hangst/Getty Images



