Претпоследниот овосезонски велеслалом од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција се отскија денес во Јасна, Словачка.
На него, домашната натпреварувачка, Петра Влхова (2:16,66), стигна до својата 19. победа во кариерата, доволна за доближување до Лара Гут-Бехрами во генералниот пласман.
Иако беше седма после првата серија, Алис Робинсон (+0,16), со најдоброто скијање во вториот дел, изби на втората позиција.
На најниското скалило на пиедесталот се искачи вчерашната победничка, Микаела Шифрин (+0,37), која беше прва после првото скијање.
На четвртата позиција заврши Италијанката Марта Басино (+0,96).
25-годишната натпреварувачка доминираше речиси на сите овосезонски велеслаломски трки и со тоа го освои малиот кристален глобус во оваа дисциплина на една трка до крајот.
Во продолжение, во првите десет се пласираа уште: Рамона Зибенхофер (+1,34), Федерика Брињоне (+1,43), Катарина Линсбергер (+1,52), Мишел Гизин (+1,68), Лара Гут-Бехрами (+1,69) и Теса Ворли (+1,75).
📸 Christophe Pallot/Agence Zoom/Getty Images



