Првиот натпревар по смртта на голманот Алфредо Кинтана започна емотивно помеѓу норвешки Елверум и Порто, со почит за поранешниот соиграч, а победата од 31:38 на полувреме беше 11:16 со сигурност ќе му биде посветена на прерано починатиот голман.
Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски собра 10 интервенции, а Фрис на спротивната страна 12. Кај стрелците, со по 7 погодоци се истакна Итуриза, Родригез и Солштад. Порто во нокаут рундата ќе вкрсти со Алборг, додека Елверум оди во „пеколот“ против Барселона.



