Единствениот синоќешен меч во НБА лигата што отиде во продолжение, го одиграа двете првопласирани екипи во своите конференции – Филаделфија 76ерс (24-12) и Јута Џез (27-9).
Откако после регуларниот дел резултатот гласеше 118-118, 76ерс во дополнителниот период славеа со 131-123.
Јута водеше во поголемиот дел од мечот, но на пет секунди до крајот на четвртата четвртина, Џоел Ембиид погоди тројка за израмнување.
Во наредниот, а воедно и последен напад во регуларното време, Мајк Конли (Јута) имаше шут за победа, но не беше прецизен.
Накрај, Ембиид го заврши мечот како најефикасен кошаркар на теренот со дабл-дабл учинок од 40 поени и од 19 скокови.
Од неговите соиграчи, две двоцифрени статистики имаше уште Тобијас Херис (22 поени и 10 скокови).
Од поразениот состав, најмногу се истакна Донован Митчел со 33 кошеви.
📸 Alex Goodlett/Getty Images



