Во рамките на 21 коло од Прва МФЛ Ренова на свој домашен терен оствари рутинска победа над младите фудбалери на Вардар од 3:0 на полувреме беше 2:0. Најзаслужни за новите три бода се стрелците Шефити и Селмани во првото полувреме и уште еднаш Селмани во второто полувреме стрелаше за конечни 3:0.
Гостите многу рано останаа со играч помалку по исклучувањето на Мартин Величковиќ во 26 минута и со тоа на домашните фудбалери уште повеќе им помогнаа кон целта и триумфот на овој меч.



