Во рамките на Прва МФЛ среде Кратово, тимот на Шкупи триумфира над Силекс со минимални 0:1 на полувреме беше 0:0. Победата за гостите ја обезбеди новото засилување Фреди Алварез со удар од белата точка во 78 минута од натпреварот.
Домашните фудбалери натпреварот го завршија со двајца играчи помалку на терен, откако им беа исклучени Благојевиќ во 78-ма и во судиското надополнување и Серафимовски. Шкупи сега е втор со 40 бода, додека лидерот Шкендија има 46 бода. Силекс пак се наоѓа на позицијата број 9 и е во опасната зона за испаѓање.



