Актуелните шампиони на НХЛ, Тампа Беј Лајтнинг, се наоѓаат во серија од пет победи, со само еден примен гол на последните четири средби.
Синоќа, голманот Андреј Василевски го запиша третиот овосезонски шут-аут, односно третиот во само една недела.
Русинот беше беспрекорен со 28/28 одбранети удари кон својот гол, во победата на Тампа Беј над Далас Старс од 0-2.
Репризата на последното финале помина со вкупно девет исклучувања и со цврста игра и на двете страни.
Првиот погодок, при пауер-плеј ситуација, го постигна Ондреј Палат во првата третина.
Од друга страна, конечниот резултат го постави Јани Гурд на пет секунди до крајот на мечот на празна мрежа.
Со новите два поени, Тампа Беј го презеде врвот на Централната дивизија од Каролина Хурикејнс, додека Далас се наоѓа на последното место.
📸 Mark LoMoglio/Icon Sportswire via Getty Images



