Од екипа што се бореше за опстанок во Лиг 2, Алекс Ревел направи екипа што има капацитет да конкурира и за промоција, кога станува збор за позитивната серија на Стивениџ во 2021.
Имено, популарните „Боро“, на петнаесет овогодишни мечеви имаат само четири порази, притоа победувајќи дури пет пати.
Токму последната победа на екипата од „Броудхол Веј“ беше остварена во рамките на 33. коло и тоа против веќе поранешниот второпласиран тим на табелата – Форест Грин.
На мечот, домаќините, кои беа сметани за аутсајдери, славеа со резултат од 3-0, максимално искористувајќи ги своите прилики.
Во листата на стрелците се запишаа токму двајцата најистурени напаѓачи, односно Дени Њутон (30′, 37′) и Елиот Лист (64′), а Крис Лајнс беше двоен асистент.
Со новите три поени, Стивениџ изби на шеснаесеттото место, додека Форест Грин беше принуден да му ја предаде втората позиција на лутиот ривал, Челтенам, паѓајќи на третото место.
📸 John Walton/PA Images via Getty Images



