Два минатогодишни второлигаши, Виган и Чарлтон Атлетик, се соочија во 33. коло од англиската Лиг 1.
Имено, на домашниот „ДВ Стадиум“, Виган ја запиша петтата врзана загубена партија, овозможувајќи му денешен триумф на Чарлтон од 0-1.
Единствен стрелец на мечот беше Чакс Анеке (19′), кој се запиша во листата на стрелците по тринаесетти пат сезонава, делејќи го шестото место заедно со Џоу Пигот од Вимблдон.
Со новиот триумф, Чарлтон изби на деветтото место, додека, со победата на Нортемптон против Плимут Аргајл, Виган падна на дното на табелата.
📸 Martin Rickett/PA Images via Getty Images



