На денешната програма во Рогла, Словенија, беше Светското првенство во сноуборд, односно во дисциплината паралелен велеслалом.
Во женска конкуренција, Зелина Јерг ја одбрани титулата, победувајќи ја тинејџерката Софија Надиршина во финалето.
Бронзениот медал го доби Јулија Дујмовиц, откако ја порази 47-годишната Клаудија Риглер во малото финале.
Кај мажите, со титулата ,,светски шампион” по вторпат во низа се здоби Дмитри Логинов, добивајќи го Роланд Фишналер во битката за златото за само една стотинка.
Со бронза од Рогла замина Андреј Соболев, славејќи над сензационалниот Сангкјум Ким во малото финале.
📸 Jurij Kodrun/Getty Images



