Атлетико Мадрид го совлада за нив традиционално незгодниот Вилјареал со 2:0 и се зацврсти на првото место во шпанската лига со пет бода пред Барселона и шест од Реал Мадрид. Атлетико има еден меч помалку од Барса, а со Реал се на ист број одиграни натпревари.
Атлетико поведе со автогол на Педраса, најмногу по заслуга на снаодливоста на Савиќ. Потоа ,,Жолтата подморница” можеше да израмни, но Облак имаше одлична одбрана при шансата на Морено. Сите дилеми ги разреши Жоао Феликс со убав гол во 68-ма минута.



