Милан ја победи Рома со 2:1 во дербито од италијанската Серија А и ,,Росонерите” повторно се на четири бода заостанување зад првопласираниот Интер. Френк Кеси погоди од пенал, негов седми гол сезонава од белата точка, со што е најефикасен пеналџија во Топ 5 лигите.
Рома изедначи со убав гол на Жордан Верету, кој има веќе десет гола сезонава, а досега рекорд му беше осум. Победничкиот гол за Милан беше дело на хрватот Анте Ребиќ во 58-ма минута.



