Барселона ја запиша 16-тата лигашка победа во дербито на гости кај Севилја со резултат од 2:0. Момент на блесок имаше и новиот „бисер“ на каталонците, Илаиш Мориба. Ова талентирано момче пред месец и пол наполни 18 години и веќе го запиша вториот лигашки настап за тимот на Роналд Куман, во кој ја забележа втората асистенција.
Мориба му сервираше погодок на Лионел Меси па така во вкупно 83 одиграни минути Мориба има две асистенции за гол, откако претходно еден сервираше во убедливата победа од 5:1 над Алавес пред две недели. По мечот, Мориба му се поклони на Куман во знак на благодарност што му даде шанса да ги одигра последните 20 минути од средбата.