Во рамките на Првата женска одбојкарска лига, во дербито на колото тимот на ОК Струмица Жени го нагостија тимот на ОК Работнички и домашната екипа дојде до значајна победа од 3:1.
Сега Струмица се изедначи со ривалот според бројот на победи. Струмичанки со новите три бода го заземаат третото место, а тимот на ОК Работнички падна на четвртата позиција на табелата.



