Во рамките на швајцарската ракометна лига тимот на Винтертур оствари победа над екипата на Херцонгенбуше со резултат од 31:23. Најзаслужна за новите бодови е македонската интернационалка Симона Гроздановска која имаше двоцифрен учинок, односно постигна 11 гола. Винтертур сега се наоѓа на позицијата број седум, а следно коло се соочуваат со тимот на Цирих.