Првото историско мешано тимско натпреварување во ски-крос од Светскиот куп во фристајл скијање беше одржано денес во Бакуријани, Грузија.
До крајната победа и до запишување во историјата дојде Швајцарија, предводена од вчерашната победничка Фани Смит и од Јонас Ленер.
На подиумот се пласираа уште Канада 2 (Кристофер Делбоско и Куртни Хофос) и Шведска (Давид Моберг и Сандра Неслунд), а без подиум, но со пласман во големото финале, заврши Канада 3 (Рис Хауден и Тијана Гернс).
Во малото финале, селекцијата на Канада 1 заврши пред Франција 2, пред Франција 1 и пред Канада 4.
📸 PONTUS LUNDAHL/TT News Agency/AFP via Getty Images



