Во еден од седумте синоќешни пресметки, Њујорк Никс ги совладаа Индијана Пејсерс со 110-107.
Во текот на првото полувреме, Пејсерс имаа константна резултатска позитива, додека во второто, ситуацијата беше иста, но со предност на спротивната страна.
Од победничкиот состав, дабл-дабл постигнаа Џулиус Рендл (28 поени и 10 скокови) и Дерик Роус (17 поени и 11 асистенции), а Ар Џеј Берет уфрли уште 24 кошеви.
Од таборот на Индијана, Даг МекДермот беше најпрецизен со 20 поени, а Ти Џеј МекКонел уфрли 17 поени и 12 асистенции.
На табелата на Источната конференција, Никс (17-17) го држат петтото, а Пејсерс (15-17) – осмото место.
📸 Andy Lyons/Getty Images



