На домашен терен ОК Пелистер Волеј во рамките на женската одбојкарска лига суверено ја порази со максимални 3:0 по сетови (25:22; 25:21; 25:13) тимот на ОК УГД Студент Жени.
Во првите два сета имаше неизвесност каде што битолчанки беа поконцентрирани во финишот и ги добија сетовите со 25:22 и 25:21, додека третиот сет беше чиста формалност и заврши со 25:13 во корист на ОК Пелистер.
Поените денес ги освоија за тимот на ОК Пелистер Волеј: Ева Трпеновска 16, Стефани Најдановска 11, Меланија Каралиоска 9, Ана Пејовска 5, Јана Василевска 4, Теодора Андоновска 4, Михаела Цветановска 2 и Ивана Василевска 1 поен.
Фото: OK Pelister Volej @OkPelisterVolej



