Македонскиот ракометен првак Вардар доживеа пораз во ракометната СЕХА-лига. „Црвено-црните“ одиграа незаинтересирано и доживеаја неуспех против Мотор Запорожје со резултат од 30:23 на полувреме беше 16:9 на гостувањето во Украина.
Најефикасен во составот на Вардар беше Шеваљевиќ со 5 гола, пред Димитриоски, Карапалески и Талески со по 4 гола, додека кај Мотор Запорожје најдобри беа Хориха, Бурзак и Минотски со по 6 постигнати гола. Одличен беше и голманот Комок, со 15 интервенции.