Во рамките на одбојкарското првенство во Втората фаза-2 помеѓу локалните ривали ОК Весна Пробиштип и ОК УГД Штип до победа стигнаа гостите во крајно неизвесна и возбудлива победа од 2:3 по сетови (21:25;25:21;25:20;15:25 и14:16).

Овој натпревар со право беше нагласен на дерби на колото, па двете екипи го оправдаа тој епитет. Домашните одбојкари го загубија првиот сет, но затоа наредните два беа во нивна полза, а откако гостите израмнија на 2:2 и средбата продолжи во тај брејк каде што ОК Весна во еден период имаше предност од неколку поени, односно две сет и меч топки, но на крај посконцентрирани во финишот беа штипјани и го завршија со 14:16 или победа од 2:3.

Фото: Споρтот во Пρобиштип-Минато,сегашност и иднина



