Олимпик Марсеј ја официјализира соработката со Хорхе Сампаоли до јуни 2023 година. Аргентинскиот стратег ја презеде клупата која остана празна по оставката на Анде Вилаш Боаш, а веќе во недела Сампаоли го очекува тежок предизвик и дербито против Олимпик Лион. Марсеј се наоѓа на осмото место на табелата во Лига 1 со 38 бода по 26 одиграни натпревари.



