Според реномираниот германски лист „Билд“, сопственикот Роман Абрамович му ветил на менаџерот Томас Тухел дека ќе издвои финансии за одличниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, односно дал зелено светло за преговорите да почнат веднаш и овој трансфер да се реализира во претстојното лето.
Сините од Лондон нема да чекаат до летото 2022 година кога ќе биде активна клаузулата на Халанд од 75 милиони евра, туку ќе издвојат дури 100 милиони фунти (115 милиони евра) за норвежанецот веќе во јули и на тој начин да им ги помати сметките на останатите гиганти кои исто така го посакуваат Халанд.
Пред оваа сезона Челзи потроши над 250 милиони евра на засилувањата како Хаверц, Вернер, Чилвел, Зиеш, кои под раководство на Френк Лампард не се приспособија на неговата филозофија, па сега Тухел се обидува од нив да извлече максимум на теренот.



