Иако словенечката машка репрезентација во ски скокови е далеку од стариот сјај, женските репрезентативки ја радуваат својата нација.
Имено, во рамките на СП во Оберстдорф, Германија, денес беше натпреварување на малата скокалница (ГС 106) во женска конкуренција.
На него, до првата сениорска победа, а воедно и до првиот златен медал на светските првенства дојде 22-годишната Ема Клинец.
Клинец стана првата светска шампионка од Словенија, со што само ја потврди добрата форма од тековната сезона, во која досега освои три подиуми.
Со сребрен медал се закити Норвежанката Марен Лундби, а ,,бронзена” беше една од најдобрите скокачки во историјата – Сара Таканаши.
Во продолжение, во првите десет се пласираа уште: Марика Крамер, Ника Крижнар, Силје Опсет, Теа Минјан Бјерсет, Даниела Ирашко-Штолц, Јернеја Брецл и Катарина Алтхаус.
📸 Matthias Hangst/Getty Images



