Челниците на европската фудбалска федерација (УЕФА) на 7 април ќе имаат состанок на кој ќе треба да донесат конечна одлука околу тоа дали ќе биде дозволено присуство на на навивачи на Европското првенство кое ќе се игра ова лето.
Првично, решението требаше да биде донесено во март, но поради постојаните промени околу пандемијата со Коронавирусот, одлуката е одложена за еден месец. Континенталниот собир требаше да се игра минатата година, но беше одложен поради опасната болест која завладеа во целиот свет.
Европското првенство ќе се игра од 11 јуни до 11 јули, а за прв пат учесник ќе биде и Македонија. Нашата репрезентација е во групата Ц заедно со селекциите на Холандија, Австрија и Украина.
Како опција има четири варијанти. Најоптимистичката е да се дозволи присуство на публика со целосна исполнетост на стадионите. Постои опција да се пушти пополнување на капацитетот до 50 или 30 отсто, додека најлоша опција е воопшто да не се дозволи присуство на гледачи на мечевите од ЕУРО 2020.



