Ракометарите на Бутел одиграа маестрално во шеснаестинафиналето на Купот на Македонија откако во Кичево го добија домаќинот со убедливи 53-18.
Посебно вреди да се спомене учинокот на левото крило Марко Божиновски кој постигна неверојатни 21 погодок и го израмни рекордот на Никола Костески кој во април 2015 во дресот на Металург постигна 21 погодок во Купот на Македонија против Феникс.




