Во еден од седумте синоќешни пресметки во НХЛ, Торонто Мејпл Лифс, со 2-1 после продолжение, ги совладаа Калгари Флејмс.
Победничкиот состав беше подобар во текот на цел натпревар, но голманите не дозволија да примат погодок сè до завршните три и пол минути.
Најпрво, Ендру Манџапане им донесе водство на Флејмс, а за Торонто израмни Вилијам Ниландер.
После 66 секунди игра во дополнителниот период, истиот играч повторно го совлада Давид Ритих за четвртиот триумф на последните пет средби.
После овој меч, Мејпл Лифс и понатаму остануваат на водечката позиција во Северната дивизија, додека Калгари го зазема петтото место.
📸 Derek Leung/Getty Images



