Фудбалерите на ФК Црно Буки во Ресен против ФК Преспа го одиграа за нив вкупно петтиот контролен натпревар, воедно ова беше генералката пред продолжението на сезоната и тие успешно ја завршија со победа од 3:5 на полувреме беше 2:1 за домаќините.
Црно Буки со овој триумф заокружија стоотстотен ефект на пријателските и им дава надеж дека пролетниот дел од сезоната за нив ќе биде успешен. Тренерот на тимот, Илиевски мечот го започна со комбиниран состав и иако почетокот беше рамноправен, домаќинот од две полушанси успеа да поведе и по 25 минути игра имаа позитива од 2:0.
По примениот втор гол гостите со евроголот на Велјановски се вратија во игра. По само 20 минити во второто полувреме фудбалерите на Црно Буки постигнаа четири гола. Младиот Огненовски беше двоен стрелец, додека Николовски и Бошевски допринесоа да се осигура победата.
Фото: Fkcrno Bukizl



