Во рамките на 7 коло од Првата кошаркарска лига за жени во Струга домашната екипа на ЖКК Струга 2009 оствари нова убедлива победа овој пат над екипата на ЖКК Гостивар од истоимениот град со резултат од 81:32 по четвртини (23:6; 24:9; 19:8 и 15:9).
Во победничкиот табор најефикасна заврши Зендели со 23 поени, додека во листата на стрелци се запишаа уште: Белеска со 17 поени, Чочороска 16, Укоска 8 и Пешиноска постинга 6 коша. Во тимот на ЖКК Гостивар најмногу поени постигна Петреска со 12 коша.