Во рамките на четвртфиналето од ЕХФ на реваншот во Солун, тимот на Паок оствари победа од 23:22 над тимот на Малага, но сепак се елиминирани од ЕХФ купот, поради поразот во Шпанија од 30:21.
Во тимот на Паок играат три репрезентативки на Македонија и токму тие се најзаслужни за овој триумф. Дајана Јовановска постигна 5 гола, пикерот Марија Николиќ даде 4 гола и само третата интернационалка од нашата земја, Андеа Белеска не успеа да постигне гол.



