Во рамките за квалификаците за Европското првенство каде што се играат во Перм, Русија, денеска Македонија ја совлада силната Италија со резултат од 87:78 и за нас ова е прва турнирска победа во квалификациите во Перм, воедно и прв историски триумф над ,,Аѕурите”.
Денеска на дуелот помеѓу Естонија и Русија чекаме кикс на естонците за да може утре во меѓусебен дуел да решаваме кој ќе патува на Европско првенство. Ненад Димитријевиќ го предводеше нападот со 22 поени и 7 асистенции, а во чекор го следеа Магдевски со 20 поени и Војдан Стојановски со 15 поени зад своето име го заврши натпреварот.



