Младинската репрезентација на Камерун го разби Мозамбик со 4:1, а ѕвезда на мечот беше Етиен Ето, син на славниот Самуел Ето. Етиен даде два гола, од кои едниот фантастичен од слободен удар, другиот од пенал, а имаше и асистенција.
Етиен Ето има 18 години и висок е 195 сантиметри па после овој натпреавр многу клубови и скаути ќе бидат силно заинтересирани за него. Погледнете ги најинтересните моменти, а особено внимание обратете на првиот гол кој е на почетокот на видеото:



