Веспрем по двата порази од Барселона се врати на победнички патеки откако славеше на гости кај Целје со резултат од 25:29 на полувреме беше 14:16. Дејан Манасков во победата имаше удел со два постигнати гола. Најефикасен кај Веспрем беше Маргуч со 5 гола.
Вториот македонски репрезентативец, голманот Никола Митревски во рамките на Лига шампиони загуби со Порто против Пиг Сегед со резултат од 35:31 на полувреме беше 18:12. Митревски успеа да запре седум удари кон неговиот гол.



