Со одлична игра во текот на целиот натпревар, тимот на Феникс 2010 дојде до важна победа над Борец Баскет од Велес со резултат од 105:76 или мечот по четвртини се движеше вака (30:22, 26:17, 24:29 и 25:8)каде што Феникс го надигра искусниот противник.
Победата се чини ниту во еден момент не дојде во прашање. Во победничкиот табор стрелци во победата беа: Димитриевски 13 коша, Хот.Е 10, Србиновски 9, Огњановски 6, Христов 0, Богатиновски 3, Митревски 23, Хот.А 25, Кацарски 10, Божиновски 3, Стојковиќ 0 и Ѓорѓиевски 3 коша. Следен противник за Феникс е тимот на Струмица.
Фото: BC Feniks 2010